БАЛКАНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА МЕСЕЧНО ЗА ХРАНА ТРОШАТ ОД 300 ДО 800 ЕВРА , покажува анкетата која беше покрената на социјалните медиуми

Колку реално трошите за храна месечно во Германија? Ова е прашањето на социјалните медиуми кое го постави еден работник од балканските простори, предизвикан од изјавата на негов сонародник дека тој и неговата сопруга „трошат 300 евра и ништо не им недостасува“, бидејќи пазаруваат на распродажби во големите маркети!

Коментарите на другите иселеници покажаа колку се разликуваат навиките на балканските работници во реалниот живот во Германија.

„Ние двајца имаме трошоци за храна околу 400-500 евра, готвиме секој ден, не штедиме на ништо и не фрламе ништо“, напишал еден маж.

Другите коментари беа дека 700-800 евра се доволнои за храна за семејство од четири лица.

„Не знам што и како би можело да се помине месецот со 300 евра за храна. Тоа се 10 евра на ден… килограм месо, леб, сок и нешто благо би можело да се направи за 10 евра“, напиша еден корисник.

Сепак, кога се гледа пошироката слика, повеќето се согласуваат дека реалните месечни трошоци за семејствата се значително повисоки. „За храна, околу 800 евра месечно, мојот сопруг, јас и две мали деца. Готвам секој ден, децата носат појадок во градинка, печам колачиња и торти најмалку двапати неделно“, напиша еден корисник.

Некои напишаа дека за  четиричлено семејство трошоците за храна се околу 1.500 евра“, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано