ДАНОК НА ВОНРЕДНА ДОБИВКА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ, предлагаат министрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија

Министрите за финансии на пет земји-членки на Европската Унија повикаа на воведување данок на вонредна добивка на енергетските компании поради зголемувањето на цените на горивата поради војната со Иран, според писмо испратено до Европската комисија. Mинистрите за финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија, во заедничко писмо од петок, истакнаа дека таквата мерка би била сигнал за единство и подготвеност за дејствување.

„Исто така, би испратила јасна порака дека оние кои профитираат како резултат на војната мора да го направат својот дел за да го олеснат товарот врз граѓаните“, се вели во писмото.

Цените на дизелот во Европа го достигнаа највисокото ниво од 2022 година, при што фјучерсите за дизел се искачија на повеќе од 200 долари за барел, или 1.498 долари за тон, со дневен скок од речиси десет проценти на Лондонската берза, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано