Бројот на случаи со остеопороза е во пораст во целиот свет, затоа што животниот век се зголемува, а како што стареат луѓето коските се повеќе попуштаат. Ова е бум во епидемијата со остеопороза, затоа што како што расте бројот на возрасно население така се зголемува бројот на случаи, истакна денеска проф.д-р Марта Фотева од Универзитетската клиника за ортопедски болести.
Таа посочи дека коскеното здравје почнува уште во матката на мајката. Ако зборуваме за превентива од најраната возраст, појасни таа, тогаш треба да се води здрав живот уште од бебе.
– Значи уште од првиот ден кога ќе се роди бебето, треба да се применува витамин Д, движење, физичка активност, правилна исхрана. Тоа што имаме многу сончеви денови е убаво, но ние во лето најчесто се криеме од Сонцето, топло ни е, одиме под сенка, тоа многу не ни помага. Затоа кај возрасните даваме витамин Д и калциум, секогаш е потребно да се дополни, додаде проф.д-р Фотева, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новиот апарат за дензитометрија, кој е ставен во функција на Ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Скопје.
Фото Економија и бизнис




