Согласно претходните најави, синоќа претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати до јавноста од Белата куќа, во момент на зголемени геополитички тензии. Еве ги клучните пораки од неговото обраќање.
Претседателот не ги спомена претходните тврдења за тековни преговори со Иран, што укажува на намален фокус на дипломатијата и засилен акцент на воени средства.
Тој не најави ангажман на копнени сили, но посочи дека воздушните напади ќе продолжат и ќе се интензивираат во наредниот период.
Во обраќањето изостанаа критики кон НАТО, при што индиректно беше посочено дека земјите зависни од транспортот на нафта треба да преземат поголема улога во обезбедувањето на Ормускиот теснец.
Претседателот најави дека воените операции ќе продолжат во наредните неколку недели, но не посочи јасен временски рок или дефиниран критериум за завршување на конфликтот.







