Форум „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи Форум „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“, во организација на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).

Настанот, според организаторите, има за цел да отвори стручна и јавна дискусија за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на труд, организациите, јавните политики и развојот на работната сила.

Во рамки на отворањето се предвидени поздравни обраќања од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, проректорката за настава на УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска, и директорот на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, проф. д-р Петар Атанасов.

Првата сесија на форумот ќе биде посветена на стратешките перспективи за вештачката интелигенција и иднината на трудот. Во овој дел ќе се обрати Бруно Јакиќ, ко-основач на INQQA.ai, KeenCorp и AI Applied, по што ќе следи модерирана дискусија со публиката.

Втората сесија ќе се фокусира на практичните аспекти од примената на вештачката интелигенција во бизнисот, трудот и HR трансформацијата, со учество на проф. д-р Марјан Гушев, Дамјан Дано и Искра Трајкоска.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано