Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат делови од Скопје, информираат од ЕВН Македонија.
Според најавата, прекините ќе се реализираат во неколку општини и во различни временски интервали.
Во општина Гази Баба, од 07:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат дел од улицата „Жан Жорес“, како и објекти во Илинден, меѓу кои РИО Кафе, „Дени Интернационал“, „Кромберт и Шуберт“, „Делта Комерц“ и делови од населбата Хиподром.
Во општина Карпош, од 08:15 до 14:00 часот, прекин ќе има кај дел од булеварот „Никола Карев“ (кај Мулти Бренд), „СТОП & ГО“, како и во Момин Поток кај „Рибокомерц“.
Во општина Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од улицата „Ваташа“.
Најдолг прекин е најавен во општина Центар, каде од 09:00 до 17:00 часот струја нема да има кај дел од улицата „Костурски Херои“ (во близина на Католичка црква), дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“ кај АМСМ.
Фото Економија и бизнис







