Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги објави своите заклучоци од консултациите со македонските власти согласно челнот 4 од Статутот на ММФ.
Мисијата ја оцени 2025 година како солидна за македонската година. ММФ истакнува дека е остварен економски раст од 3,5%, а инфлацијата се намалува. Понатаму, ММЦ оценува дека буџетот за 2025 година ја исполни целта за дефицит од 4 проценти од БДП, при што недостигот на даночни приходи беше компензиран со намалување на капиталните расходи и трошоците за стоки и услуги. Јавниот долг, вклучително и гарантираниот од државата, остана околу 60 проценти од БДП.
Мисијата на ММФ предвидува дека шокот од цените на енергенсите, кој произлегува од тековната војна на Блискиот Исток, се очекува да влијае негативно врз растот и повторно да создаде инфлаторни притисоци. Реалниот раст на БДП се проектира да забави на 3,1 процент во 2026 година. Во исто време, повисоките глобални цени на нафтата се очекува да ја зголемат инфлацијата на околу 4,5 проценти во 2026 година, дефицитот на тековната сметка се очекува да се прошири на околу 5 проценти од БДП во 2026 година,
Продолжен конфликт на Блискиот Исток и повисоки цени на енергијата, заедно со послаб раст во ЕУ, би можеле дополнително да ја забават економската активност, да ја одржат инфлацијата повисока подолг период, да ја ослабат надворешната позиција и да го одложат тековното фискално прилагодување. На домашен план, фискални отстапувања, особено од континуирани ад-хок зголемувања на плати и пензии, како и пречекорувања на трошоците кај големи инфраструктурни проекти, би можеле да ја нарушат фискалната консолидација и да ја намалат довербата на пазарите. Од позитивна страна, посилна имплементација на реформите би можела значително да ги подобри изгледите за раст на Северна Македонија, се вели во соопштението на ММФ.






