Зголемени продажните цени на индустриски производи, највисок раст има во секторот Рударство и вадење камен за 17,4 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава вкупно се зголемени за еден отсто во однос на претходниот месец и за 4,2 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статстика.

Како што информира, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2026 се зголемени за 1,1 отсто во однос на претходниот месец и за 4 проценти во однос на истиот месец минатата година, а на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани.

– Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во февруари во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3,7 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5 %, а во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети. Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 17,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3,3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11,0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 5,4 %, наведува Државниот завод за статстика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 1,1 % во февруари 2026 година во однос на претходниот месец.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за 0,8 % во однос на претходниот месец.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за 
2,2 %, Интермедијарни производи, освен Енергија, 0,6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 %. Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4,5 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 10,4 %, Интермедијарни производи, освен Енергија за 1,3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 %.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано