Повеќето акции со раст, Стопанска банка Скопје води со +4,4 %, додека тргувањето останува концентрирано кај банкарскиот сектор.
Неделниот извештај на Македонска берза покажува дека во периодот од 23.03.2026 до 27.03.2026 само 2 акции забележале минимален пад, додека останатите хартии од вредност се со непроменета цена или раст на вредноста.
Берзанско резиме (23–27 март 2026)
· Берза: Македонска берза
· Вкупен промет: 73,5 милиони денари
· Број на трансакции: 351
· Истргувани хартии: Комерцијална банка АД Скопје
· Акции со пад: 2
· Најголем раст: Стопанска банка Скопје (4,4 %)
Вкупен промет на берзата
Вкупниот промет на официјалниот и редовниот пазар на Македонска берза минатата недела изнесуваше 73,5 милиони денари (1,19 милиони евра).
Прометот беше реализиран преку 351 трансакции со кои се истргуваа 35 965 акции и обврзници.
Најтргувани акции во неделата
Повторно како и претходната и оваа недела најголем промет на имаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје, со 35,1 милиони односно 12,3 милиони денари.
Потоа следуваат НЛБ Банка АД Скопје со промет 9,2 милиони денари и Макпетрол АД Скопје со 7,99 милиони денари
Во топ 5 се најде и Стопанска банка Скопје со промет од 1,01 милиони денари.
| Компанија | Промет |
| Комерцијална банка | 35,1 милиони денари |
| Алкалоид | 12,3 милиони денари |
| НЛБ Банка | 9,2 милиони денари |
| Макпетрол | 7,99 милиони денари |
| Стопанска банка Скопје | 1,01 милиони денари |
Седум акции со раст
Раст на вредноста минатата недела забележаа акциите на:
- Стопанска банка Скопје – раст од 4,4 %
- Универзална Инвестициона Банка Скопје – раст од 1,49 %
- Тетекс Тетово – раст од 1,17 %
- Македонски Телеком Скопје – раст од 1,01 %
- Алкалоид Скопје – раст од 0,78 %
- Комерцијална банка Скопје – раст од 0,3 %
- ОКТА Скопје – раст од 0,18 %
Најголеми губитници на берзата
Најголем пад на вредноста имаа акциите на:
- НЛБ Банка АД Скопје – пад од 0,36 %
- Адинг Скопје – пад од 0,04 %
Најтргувани акции по количина
Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:
- РЖ Услуги Скопје – 3 034 акции
- Комерцијална банка Скопје – 1 258 акции
- Македонски Телеком Скопје – 1 214 акции
Неделата на Македонска берза помина во позитивен тон, со доминантен раст кај акциите и минимални корекции кај само две компании.







