Ниските трошоци за производство е најважниот фактор за одлучување да се иневстира во Македонија, според анкетата „Business & Investment Indicator 2025“ која е спроведена од Советот на странските инвеститори. За овој фактор се одлучиле 47 отсто од компаниите кои учествувале во анкетата која е направена пред новата нафтена криза со војната на Блискиот Исток.
Одговорите од странските компании за другите фактори за инвестирање во земјата се следни:
- бизнис клима 47 проценти
- блискост на пазарите 15 проценти
- блискоста на добавувачите 9 проценти
- раст на пазарот 15 проценти
- ниски трошоци за производство 47 проценти
- обучена работна сила 36 проценти
- политичка стабилност 19 проценти
- инфраструктура 26 проценти
- ниски даноци 34 проценти
- помош од државата 30 проценти
- членство во НАТО 2 проценти
- други фактори 2 проценти
Во 2025 година 47 странските компании во Македонија, кои учествувале во анкетата, (ре)инвестирале над 250 милиони евра и вработуваат над 40.000 работници. Приходите од извоз во овие компании учествуваат со 81 процент. Вкупни инвестиции во Македонија од овие компании достигнаа над 6,1 милијарди евра.
Фото Совет на странски инвестиции







