АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП СЕ ПОДГОТВУВАЛА ЗА РАЗЛИЧНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ЦЕНАТА НА НАФТАТА, но Белата куќа негира дека имало сценарио за 200 долари за барел

Службеници на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги анализираат можните последици од наглото зголемување на цените на нафтата, вклучително и сценарио во кое цената би можела да достигне 200 долари за барел, објави Блумберг. Според извори запознаени со ова прашање, анализите се дел од редовните проценки за време на кризни ситуации и не се наменети за предвидување на идните трендови на пазарот.

Целта е администрацијата да биде подготвена за различни сценарија, вклучително и можноста за продолжен конфликт. Извори наведуваат дека дури и пред почетокот на војната, американскиот секретар за финансии Скот Бесант изразил загриженост дека конфликтот би можел да доведе до зголемување на цените на нафтата и негативно да влијае на економскиот раст.

Високи финансиски претставници наводно со недели ја предупредуваат Белата куќа за осцилациите во цените на нафтата и бензинот. Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, ги отфрли обвинувањата дека администрацијата разгледува сценарио од 200 долари за барел, истакнувајќи дека владата редовно оценува различни сценарија за цени, но дека секретарот за финансии не бил загрижен за „краткорочни нарушувања“ на енергетскиот пазар.

Од почетокот на конфликтот, цените на нафтата значително се зголемија. Цената на нафтата „West Texas Intermediate“ во САД се зголеми за околу 30 проценти на приближно 91 долар за барел, додека „Brent crude“ скокна за речиси 40 проценти и се тргува на околу 102 долари.

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, претходно процени дека сценариото во кое цената на нафтата ќе достигне 200 долари за барел е „малку веројатно“. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека дури и пониските цени би можеле да имаат значително влијание врз економијата, пренесува НИН.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано