Над 26.000 барања за легализација во Куманово, околу 6.000 предмети сè уште нерешени

Измените што се однесуваат на продолжување на роковите за управни постапки во Куманово отвораат важни прашања за правната сигурност на граѓаните, но и за долгорочната политика во справувањето со дивоградбите, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Тој на денешната седница на советот разграничи два суштински аспекти, административна флексибилност за постојните предмети, но и повтори дека ќе иницира постапка за понатамошна нелегална градба. Според Димитриевски, продолжувањето на роковите се однесува исклучиво на постапки кои граѓаните веќе ги започнале во законски предвидениот рок.

-Оваа мерка не подразбира отворање на нова можност за поднесување барања за легализација, со што се избегнува потенцијалниот „нов циклус“ на дивоградби, кој во минатото често се стимулираше со периодични законски олеснувања. Ова не значи нов повик за легализација, туку шанса да се заокружат веќе започнатите постапки-кажа Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски најави дека преку ЗЕЛС, ќе иницира нов закон за легализација со подолг рок, но со суштински различен пристап. Клучниот елемент, според него е воведување на државна снимка како основен документ, со што би се поставила јасна временска граница, сè што е изградено по неа би се третирало како бесправна градба без право на легализација. Овој концепт, како што објаснува Димитриевски ќе има за цел конечно да го затвори просторот за „чекање нов закон“ како мотив за нелегално градење, пракса која со години го поткопува урбанистичкиот ред.

Проблемот не е само правен, туку и финансиски. Во моментов, според проценките на општината, постојат стотици објекти предвидени за уривање. Сепак, нивното отстранување претставува сериозен товар за општинскиот буџет.

Во општината од 2011 годиа, поднесени се вкупно 26.256 барања за легализација, од кои 5.836 сè уште не се решени. Од нерешените предмети, дури 4.308 се некомплетни, што ја отежнува постапката


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано