Утре Кочани 12 часа без вода за пиење

Поради планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје – подружница Кочани, утре, 26 март 2026 година ќе има  прекин во испораката на електричната енергија во атарот на Пумпната станица во селото Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето на цела Општина Кочани.

Од КЈП „Водовод“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:30 до 21:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните на Општина Кочани навремено да се подготват и да обезбедат доволни количини вода за основни потреби во текот на денот.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано