Дневниот извоз на нафта од Персискиот Залив минатата недела се намали за повеќе од 60 отсто во споредба со истиот период во февруари.
Извозот на сурова нафта и рафинирани горива од осум земји од Блискиот Исток: Саудиска Арабија, Кувајт, Иран, Ирак, Оман, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, изнесуваше во просек 9,71 милиони барели дневно во неделата до 15 март.
Тоа претставува намалување од 61% во споредба со 25,13 милиони барели дневно регистрирани во февруари.
– Пловечките складишта на сурова нафта на Блискиот Исток надминаа 50 милиони барели оваа недела, во споредба со околу 10 милиони барели пред војната, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис






