30 милиони евра од ЕБОР за НЛБ Банка Скопје за поддршка на зелената транзиција на бизнис секторот

30 милиони евра од ЕБОР за НЛБ Банка

Програмата за финансирање е наменета да им помогне на МСП кои инвестираат во одржливи технологии

  • Прв кредит од 30 милиони евра од Рамката за финансирање поврзана со зелени резултати на Западен Балкан (Western Balkans Green Outcomes‑Linked Debt Financing Framework  – WB GOLD) во земјата
  • Иновативен инструмент за зелено финансирање, кој воведува стимулирање на зелено финансирање на зеленото кредитирање и соодветно постигнати цели
  • Програмата ќе ги поддржи МСП во доменот на одржливи инвестиции и ќе ја поттикне конкурентноста

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 30 милиони евра кредит на НЛБ Банка Скопје, под програмата WB GOLD .

Програмата ќе помогне за малите и средни претпријатија (МСП) да ги развиваат своите бизниси, истовремено обезбедувајќи стимулирање на зелено финансирање за да ги зголемат инвестициите во еколошки одржливи решенија.

WB GOLD  е инструмент за иновативно зелено финансирање, кој воведува поттикнување базиранo на резултати, за да го стимулира финансискиот сектор, во зголемување на зеленото финансирање на МСП. Креиран е за да помогне да се подобрат стандардите за зелено кредитирање, истовремено поддржувајќи ги потребите за генералното финансирање на МСП.

Рамката е усогласена со двојната мисија на ЕБОР на Западен Балкан: поддршка на економскиот раст преку развој на приватниот сектор и забрзување на транзицијата кон позелени, поотпорни економии. Преку поддршка на локалните бизниси да инвестираат во одржливи технологии, од енергетски – ефикасни машини, до обновливи енергетски системи – WB GOLD има за цел да создаде директни еколошки бенефити, истовремено поттикнувајќи ја конкурентноста.

Кредитот беше потпишан од Претставникот на ЕБОР за Северна Македонија, Фатих Туркменоглу, и Главниот Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.

Господин Туркменоглу изјави: ,,Ни претставува задоволство што сме партнери со НЛБ Банка Скопје, и што го воведуваме ова иновативно зелено финансирање за  македонските МСП. Овој проект покажува како WB GOLD рамката ефикасно ја претвора финансиската поддршка во опипливи еколошки придобивки и одржлив економски раст.”

Господин Стојановски изјави: „Зеленото финансирање не е само можност, туку и одговорност. Секој бизнис има потенцијал да биде катализатор на позитивни промени. Со поддршка на бизнисите во нивната потрага по одржливи иновации, заедно со нашиот партнер ЕБОР, ја поттикнуваме транзицијата кон почисти технологии, енергетска ефикасност и одговорно управување со ресурсите.“

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до сега има инвестирано над 3 милијарди евра во над 200 проекти во земјата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано