Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост и духовна подготовка за најголемиот христијански празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност.

-Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник, објави Сиљановска – Давкова на својата Фејсбук страница.

Претседателката посочува дека со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение


Извор МИА

Фото: Гордана Сиљановска – Давкова Фејсбук страница

Повеќе од истиот автор

Најчитано