Директорот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел, денес изјави дека каматните стапки ќе останат непроменети во опсег од 3,5 до 3,75 проценти, прогнозирајќи дека скокот на цените на енергијата поради конфликтот на Блискиот Исток ќе ја зголеми вкупната инфлација.
Импликациите од настаните на Блискиот Исток за американската економија се неизвесни. На краток рок, повисоките цени на енергијата ќе ја зголемат вкупната инфлација, но е прерано да се знае обемот и времетраењето на потенцијалните ефекти врз економијата, изјави Пауел на денешната прес-конференција.
Инфлацијата мерена според потрошувачките цени сега е на ниво од 2,7 проценти, додека целта на ФЕД е да биде 2 проценти.
Стапката на невработеност сè уште се проектира на 4,4 проценти до крајот на годината, додека растот на бруто домашниот производ се предвидува на 2,4 проценти од БДП, додаде Пауел, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис





