Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е во опаѓање поради наглиот пораст на цените на горивата и широкото неодобрување на војната што ја започна против Иран,покажува спроведената анкета на Ројтерс/Ипсос.
Рејтингот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, падна во последните денови на најниската точка откако се врати во Белата куќа.
Анкетата покажа дека 36 проценти од Американците ја одобруваат работата на Трамп, што е пад од 40-те проценти што беа прикажани во анкетата спроведена минатата недела.
Ставовите на Американците за Трамп значително се влошија поради неговото справување со трошоците за живот, бидејќи цените на горивата скокнаа откако САД и Израел започнаа координирани напади врз Иран на 28 февруари.
Само 25 проценти од испитаниците го одобрија начинот на кој Трамп се справува со растечките трошоци за живот, што тој го направи централен дел од неговата претседателска кампања во 2024 година, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис






