Странските компании кои работат во Македонија се изјасниле дека има подобрување кај задоволството од инфраструктурата, но проблем остануваат процесите на доделување државна помош, односно 80 проценти од компаниите се соочиле со проблеми при добивањето државна помош, а само една третина сметаат дека критериумите се разбирливи, покажуваат резултатите од анкетата „Business & Investment Indicator 2025“ која е спроведена од Советот на странските инвеститори.
– 57 проценти од компаниите добиваат државна помош во моментот или се во процес на одобрување.
– 80 проценти се соочиле со проблеми во процесот на одобрување или при исплатата на помошта како резултат на бирократски процедури, несоодветно буџетско планирање или нешто што значи недоволни активности од страна на институциите кои се задолжени за тоа.
– само 34% сметаат дека правилата за државна помош се доволно јасни и разбирливи
Клучни препораки од странските компании:
Навремени исплати на државна помош
Воведување нови форми на државна помош/финансиски инструменти:
– за поддршка на одржување на работните места и зголемување на платите
– за зголемување на иновациите/автоматизацијата/продуктивноста
Фото Економија и бизнис







