СТАНОВИТЕ ВО ЕУ ПОСКАПЕЛЕ ЗА СКРОМНИ 5,5 ОТСТО, во Унгарија има највисок раст на кириите и на цената на становите

Цените на становите во Европската Унија продолжуваат да растат, а за една деценија скокнаа за речиси 65 проценти, објави денеска Евростат.

Пазарот на недвижности во Европската Унија забележа значителен раст во четвртиот квартал од 2025 година, при што цените на становите се зголемија за 5,5 проценти, додека кириите се зголемија за 3,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Трендот на зголемување на цените продолжи на квартално ниво, па така недвижностите се поскапи за 0,8 проценти, а кириите за 0,6 проценти во споредба со третиот квартал од 2025 година.

Во периодот од 2015 до третиот квартал од 2025 година, цените на становите во Европската Унија се зголемија во просек за дури 64,9 проценти, додека кириите се зголемија за 21,8 проценти.

Унгарија се издвојува како апсолутен рекордер во однос на зголемувањето на цените, бидејќи цените на становите во таа земја се зголемиле за дури 290 проценти од 2015 година, по што следуваат Португалија со зголемување на цените од 180 проценти, Литванија 168 проценти и Бугарија 157 проценти.

Исклучок на картата на Европа е Финска, единствената земја од ЕУ каде што цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, односно се намалиле за три проценти.

Во споменатиот период, зголемување на кириите е забележано во сите членки на Европската Унија, а ситуацијата е најтешка и во Унгарија, каде што кириите се повеќе од двојно зголемени, односно скокнале за 109 проценти.

Висок пораст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, каде што станарите се соочуваат со зголемување на цените од 88 проценти, како и во Ирска и Полска, каде што кириите се зголемиле за по 76 проценти, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано