СЛОВАЧКА САКА ДА ГО СПРЕЧИ „БЕНЗИСКИОТ ТУРИЗАМ“, можни се повисоки цени за дизелот за странските возила

Словачка ја разгледува можноста за воведување регулативи што би ги натерале странските возачи да плаќаат поскап дизел на бензинските пумпи или да ја ограничат количината на гориво што можат да го наполнат, изјави премиерот Роберт Фицо. Владата сака да спречи „бензински туризам“.

Фицо рече дека претставници на рафинеријата Словнафт ја информирале владата дека во некои северни области по должината на границата со Полска, пониските цени на дизелот на словачката страна довеле до ненадејно зголемување на продажбата на  гориво. Според него, во некои случаи бензинските пумпи „буквално останале без гориво“.

Владите ширум светот се плашат од зголемувањето на цените на горивата предизвикано од војната на Америка и Израел со Иран. Унгарија веќе ги ограничи цените на горивата, додека главната рафинерија на Полска, Орлен, ги намали своите маржи за да го ублажи влијанието врз потрошувачите.

Словачка досега не воведе вакви мерки и се потпираше на саморегулацијата на продавачите, кои можат да ја ограничат количината на гориво по клиент доколку е потребно. Фицо додаде дека владата сака цените на горивата да бидат слични на оние во повеќето соседни земји, како што е Полска, но сепак пониски отколку во Австрија.

Малопродажната цена на дизел горивото во Словачка е 1,557 евра за литар, во Австрија 1,958, а во Полска 1,611. Дизелот во Унгарија чини 1,518 евра за литар. Највисоките цени на дизелот во Европа моментално се во Италија, Германија, Франција и Холандија, каде што овој вид гориво е поскап од две евра за литар, а најевтини во Босна и Херцеговина, каде што еден литар чини 1,438 евра. Цената на дизелот во Србија е 1,711 евра за литар, објави Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано