Поради ескалацијата на воените конфликти во Иран и Блискиот Исток, туризмот губи најмалку 600 милиони американски долари дневно од трошоците на меѓународните патници, бидејќи прекините во воздушниот сообраќај и регионалната поврзаност, исто така, влијаат врз побарувачката, објави во среда Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC).
Наведувајќи ги проценките за загубите во туризмот поради војната, WTTC во среда ја истакна важноста на Блискиот Исток во глобалните патувања, при што регионот сочинува пет проценти од глобалните меѓународни туристички пристигнувања и 14 проценти од глобалниот меѓународен транзитен сообраќај.
„Секое прекинување влијае на побарувачката низ целиот свет, како и на аеродромите и летовите, хотелите, компаниите за изнајмување автомобили, крстарењата и друго, како и на големите регионални авијациски центри важни за глобалните патувања, како што се Дубаи, Абу Даби, Доха и Бахреин, заедно вообичаено дневно опслужуваат околу 526.000 патници. Сега тие доживеаа затворања и оперативни прекини поради војната, а како што ескалира конфликтот, ова дополнително силно влијае врз регионалната и глобалната поврзаност“, оценуваат во WTTC.
Во последниве години, регионот на Блискиот Исток постигна многу добри туристички резултати и раст, водејќи го растот на глобалниот туризам. Анализата на WTTC за регионот пред конфликтот предвиде понатамошен раст на меѓународните туристички трошоци на околу 207 милијарди американски долари во 2026 година, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис







