Во изминатата година, светот доби 390 нови милијардери, според годишното рангирање на Форбс на најбогатите луѓе на планетата.
Ова е втората најдобра година досега за нови милијардери, по 2021 година, кога постпандемиското закрепнување донесе 493 луѓе во клубот на најбогатите во светот.
Групата нови милијардери оваа година вклучува двајца легендарни музичари, познат филмски режисер, тениска легенда… Новите милијардери доаѓаат од 40 земји и територии и заедно вредат околу 755 милијарди долари, или просечно по 1,9 милијарди долари.
Соединетите Американски Држави се водечка земја во светот по бројот на нови милијардери (106). Кина има втор најголем број нови милијардери (55).
Речиси две третини од новите милијардери во светот сами го создале богатството, а не го наследиле.
Најмладиот нов милијардер има 20 години со 1,1 милијарда долари, чиј дедо бил ко-основач на бразилска компанија за електрична опрема, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис







