Саемот на мебел 2026 со нови трендови, попусти иолеснето финансирање

Саем на мебел 2026

Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“, со поддршка на партнерот Комерцијална банка АД Скопје, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.

Дополнително, сето тоа ќе биде достапно по специјални саемски попусти, а на својот штанд Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивна кредитна понуда и финансиски олеснувања, вклучително и можности за потрошувачко кредитирање, овозможувајќи полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот или избор на идеален мебел. Посетителите ќе имаат можност и директно да се информираат за условите, да добијат совет и да се запознаат со финансиските решенија што банката ги нуди за опремување и уредување на домот.

Новитет на ова саемско издание се модуларните и монтажните решенија за домување, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието како брза, функционална и економична алтернатива за современи домови или викенд-простори. На саемот ќе бидат претставени различни модели и концепти, со информации за изведба, рокови и можности за персонализација, како и совети за оптимално организирање на просторот.

Посетителите ќе можат директно да разговараат со претставници на брендовите, да добијат совет за избор и да направат нарачки по поволни саемски услови, кои ќе важат за време на петте саемски дена.

Со оваа интегрирана понуда – широк избор на производи за домот, значителни саемски попусти и достапна кредитна поддршка – Саемот на мебел 2026 претставува одлична можност инспирацијата лесно да премине во реализација.

Работното време на Саемот е секој ден од 10:00 до 20:00 часот, а во недела на 29ти март од 10.00 до 17.00 часот, овозможувајќи им на посетителите доволно време да ги разгледаат изложбените штандови, да се консултираат со експерти и да ги искористат специјалните саемски понуди и попусти.

Влезницата изнесува 150 денари, а секоја купена влезница носи дополнителна вредност – ваучер за гратис кафе од Saccaria, за сите посетители да можат да уживаат во пауза со вкус на италијанско кафе, во рамки на саемската атмосфера.

Повеќе од истиот автор

Најчитано