Савески и Рокас ги потврдиле приоритетите – борбата против корупцијата и суштинско враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Савески и Рокас ги потврдиле приоритетите

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, со кого разговарале за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.

-Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти, истакнал Савески.

Амбасадорот Рокас му го честитал изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посакал успешна работа.

Во разговорите, како што информираат од Јавното обвинителство, тие се осврнале на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.

Савески и Рокас се согласиле за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изразил поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.

Државниот јавен обвинител ја искористил можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто. 

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано