Просечната нето-плата во јануари изнесува 46 617 денари

денари на биро

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46 617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Главни поенти

Нето-платата во јануари 2026 година изнесуваше 46 617 денари
Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %

Повеќе од истиот автор

Најчитано