Превозниците од Србија нема да ги блокираат премините на 14 април, како што претходно најавија, бидејќи очекуваат да се најдат дополнителни решенија со ЕУ за професионалните возачи што работат во земјите од Шенген зоната, изјави Душан Николиќ, член на Управниот одбор на бизнис-здружението „Меѓународен транспорт на Србија“.
Тој истакна дека превозниците и возачите се исклучително важни за економијата на Србија и дека економијата не може без нив. Превозниците од Србија претходно најавија дека протестот на српските професионални превозници ќе започне на 14 април, во случај да не се најде решение за професионалните возачи пред 10 април, кога е планирана целосна имплементација на системот за влез/излез (EES). Превозниците од регионот ги блокираа премините кон крајот на јануари поради строгиот визен режим на Европската Унија познат како правило од 90/180 дена.
Според правилата на ЕУ, возачите од земјите кои не се членки можат да поминат максимум 90 дена во период од 180 дена во Шенген зоната. Дополнителен притисок создаде воведувањето на новиот Систем за влез и излез (EES), кој овозможува собирање биометриски податоци на границите, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис






