Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради протест, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно по „11 Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Владата. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените сообраќајници во град Скопје, информираа од МВР.
Се апелира да се почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците
ССМ организира голем протест за 600 евра минимална плата и покачување на сите плати. Синдикатот предупредува дека работниците живеат под прагот на сиромаштијата и бара итни мерки.
Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на сиромаштијата, што ја нагласува нужната потреба од зголемување на платите.
Фото Економија и бизнис







