ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО 15 ЗЕМЈИ ОД ЕУ во последниот квартал од 2025 година

Просечната цена на земјоделските производи што земјоделците од ЕУ ги добивале на фармата се намалила за 1,9 проценти во последниот квартал од 2025 година, во споредба со истиот период од претходната година.

Овој пад следел по зголемувањето на цените во претходните три квартали од минатата година, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Спротивно на тоа, просечната цена на стоките и услугите што моментално се трошат во земјоделството (инпути што не се поврзани со инвестиции, како што се енергија, ѓубрива или храна за животни) била непроменета во споредба со четвртиот квартал од 2024 година. Просечната цена на стоките и услугите останала релативно стабилна во текот на целата 2025 година.

Во последниот квартал од минатата година, просечната цена на земјоделските производи се намалила во 15 земји од ЕУ, со највисоки стапки на пад во Белгија (-12,9 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година), Литванија (-8,2 проценти) и Германија (шест проценти). Спротивно на тоа, цените се зголемија во другите 12 земји од ЕУ, најмногу во Ирска (+6,8 проценти), Словенија (+5,6 проценти) и Малта (+4,2 проценти).

Просечната цена на инпутите кои не се поврзани со инвестиции, имаше пад во 11 земји од ЕУ, со највисоки стапки во Кипар (-2,6 проценти), Белгија (-2,1 проценти) и Шведска (-2,0 проценти). Раст се случи во другите земји од ЕУ, со највисоки стапки во Литванија (+4,2 проценти), Ирска (+3,3 проценти) и Романија (+2,5 проценти), пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано