Полска стана една од 20-те најголеми економии во светот, со бруто домашен производ од повеќе од 1 трилион долари годишно, надминувајќи ја дури и Швајцарија.
Економскиот успех на Полска се должи на нејзиното членство во Европската Унија од 2004 година, како и на значајните инвестиции во образованието, правната рамка и стимулациите во приватниот сектор. Подемот на технологијата, воведувањето на електрични возила и инвестициите во иновации придонесоа за брзиот раст на БДП.
Експертите проценуваат дека Полска ќе продолжи со својот стабилен економски развој во наредните години, што би ѝ дало уште посилна позиција во Европа.
Администрацијата на Трамп вели дека Полска треба да биде повикана на самитот на Г20 водечките економии оваа година. Поканата за самитот на Г20 е во голема мера симболична.
Но, за 35 години бруто-домашниот производ на Полска по глава на жител се искачи на 55.340 долари во 2025 година, или 85% од просекот на ЕУ. Тоа е зголемување од 6.730 долари во 1990 година, или 38% од просекот на ЕУ.
Економијата на Полска порасна во просек од 3,8% годишно откако се приклучи на ЕУ во 2004 година, лесно надминувајќи го европскиот просек од 1,8%.
Не само еден фактор ѝ помогна на Полска да избега од стапицата на сиромаштија, вели Марчин Пјатковски од Универзитетот Козмински во Варшава и автор на книга за економскиот подем на земјата.
-Еден од најважните фактори беше брзата изградба на силна институционална рамка за бизнисот, рече тој.
Ова вклучуваше независни судови, антимонополска агенција за обезбедување фер конкуренција и силна регулатива за да се спречат проблематичните банки да го задушат кредитирањето.
Како резултат на тоа, економијата не беше киднапирана од коруптивни практики и олигарси, како што се случи на други места во посткомунистичкиот свет.
Полска, исто така, имаше корист од милијарди евра помош од ЕУ, и пред и откако се приклучи на блокот во 2004 година и доби пристап до својот огромен единствен пазар, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис






