Војната во Иран „ја тестира отпорноста на глобалната економија“ и се очекува годинава да го намали економскиот раст – соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во денеска објавениот извештај, пренесе ДПА.
Се предвидува дека глобалниот раст годинава ќе забави на 2,9 отсто пред в година да се врати на 3,0 отсто, наведе ОЕЦД.
Непредвидливоста на конфликтот на Блискиот Исток ги зголемува трошоците и ја намалува побарувачката неутрализирајќи ги позитивниот импулс од инвестициите во нови технологии и моментот пренесен од претходната година, се наведува во извештајот пренесен од германската агенција.
Блокадата на Ормуската Теснина и оштетувањето на енергетската инфраструктура предизвикаа нагло зголемување на цените на енергијата и го нарушија снабдувањето со други клучни материјали, како што се ѓубривата, наведе ОЕЦД.
Обемот и времетраењето на конфликтот се многу неизвесни, но продолжениот период на повисоки цени на енергијата значително би ги зголемил трошоците за бизнисите и потрошувачките цени, со негативни последици за растот, соопшти ОЕЦД.
Во САД се очекува растот да забави од 2,0 отсто годинава на 1,7 отсто в година, прогнозира ОЕЦД, бидејќи силните инвестиции во вештачка интелигенција постепено се компензираат со забавување на растот на приходите и потрошувачката.
Во еврозоната ОЕЦД очекува растот да забави на 0,8 отсто оваа година пред да се зголеми на 1,2 отсто во 2027 година, поттикнат од повисоките трошоци за одбрана.
Во Кина се предвидува растот годинава да падне на 4,4 отсто и на 4,3 отсто в година, пренесува ДПА.






