НАФТЕНАТА КРИЗА ГО ЗГОЛЕМИ ИНТЕРЕСИРАЊЕТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, за пет години заштедата со е-комбиња достигнува до 30.000 евра!

Растечките цени на нафтата по почетокот на војната во Иран директно влијаат на интересот кај купувачите за електрични автомобили. Oд 28 февруари, интересот за електрични автомобили се зголемил од 55 на дури 63 проценти во текот на викендот, вели Филип Сајлер фон Аменде, извршен директор на Carwow, објави DPA.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, цените на бензинот во Соединетите Американски Држави достигнаа просечна цена од 3,70 долари за галон, што е зголемување од 24 проценти од почетокот на војната во Иран на 28 февруари.

Експертите од автомобилската индустрија велат дека доколку кризата продолжи, можно е таа да влијае на свеста за важноста на електричните возила дополнително да се промени и дека ќе има поголема побарувачка за возила на батерии.

Ако нафтената криза и зголемувањето на цената на овој извор на енергија продолжат да растат, електричните возила ќе добиваат сè поголемо значење.

Глобалната продажба на електрични возила (ЕВ) надмина четири милиони за прв пат во четвртиот квартал од 2025 година, при што над 20 проценти од продадените возила ширум светот се електрични, а растот во текот на целата година е 30 проценти.

Кина го поттикна глобалниот раст од 16 проценти во четвртиот квартал, бидејќи цените на прифатливите ЕВ се зголемија, а хибридните возила се намалија за 12 проценти.

Петте најголеми пазари во Европа пораснаа за 41 процент во четвртиот квартал во 2025 година, при што Германија се подобри за 56 проценти, а Шпанија и Италија за 77 и 44 проценти, соодветно.

Норвешка има најголем раст на продажбата на електрични возила меѓу другите европски пазари во четвртиот квартал, за 93 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2024 година. Уделот на пазарот на електрични возила во Данска (75 проценти) и Холандија (53 проценти) исто така беше доминантен. Продажбата на електрични возила во САД се намали за 31 процент на годишно ниво во четвртиот квартал по завршувањето на даночните олеснувања, откако потрошувачите побрзаа во третиот квартал да ги искористат стимулациите пред промените во политиката.

Во Србија може да има зголемување на продажбата на лесни комерцијални возила, дознава Бизнис.рс односно за купување на електрични комбиња.

Овие возила најмногу ги користат компаниите, а ретко ги купуваат поединци. Едно комбе надминува 50.000-60.000, па дури и 100.000 километри годишно, а дури и да нема зголемување на цените на горивата, заштедува од 25.000 до 30.000 евра за пет години.

Годинава  Србија издвои субвенции за купување електрични возила, а за оваа намена во буџетот за 2026 година се издвоени 170 милиони динари. А износот на субвенцијата се движи од 250 до 5.000 евра, во зависност од видот на возилото, односно дали е одобрено за мопеди, мотоцикли, трицикли, квадрицикли или за патнички и товарни возила со електричен погон, објави Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано