Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Економскиот факултет – Скопје и Сојузот на економисти на Македонија денеска ќе биде се одржана тркалезна маса/научно стручна расправа на тема „Улогата на пазарот и државата во управувањето со ограничените ресурси – случајот на Република Северна Македонија“.
Предвидено е учество на претставници од академската заедница, креаторите на економските политики, регулаторни институции и бизнис заедницата, при што ќе се отвори значајна дискусија за улогата на пазарот и државата во контекст на современите економски предизвици.
Фото Економија и бизнис







