НАД 170.000 АПЛИКАЦИИ ЗА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЕУ, платите се движат меѓу 6 и 7 илјади евра

Европската канцеларија за вработување (EPSO) денес објави дека околу 170.000 луѓе аплицирале за тест кој би можел да им овозможи добро платена и сигурна работа во институциите на Европската Унија (ЕУ). Но, шансите за повеќето од нив се мали, бидејќи се отворени помалку од 1.500 работни места, проценува порталот Политико. -Бројот на кандидати ги надмина сите очекувања. Ќе ги информираме кандидатите за следните чекори што е можно поскоро, се наведува во соопштението за медиумите на EPSO, пренесува N1

Следната фаза вклучува тестирање и испити за кандидатите, кои аплицирале за позиции во институциите на ЕУ на ниво AD-5, кои носат месечен приход помеѓу 6.000 и 7.000 евра.

Бројот на достапни работни места е далеку помал од бројот на кандидати, со околу 1.500 места на списокот на достапни позиции, но дури и тогаш позицијата не е загарантирана бидејќи многу службеници сè уште работат како привремени агенти или агенциски персонал, без сигурност на работното место или бенефиции како вработените во ЕУ.

Кога се одржа конкурсот за работни места AD-5 пред седум години, аплицираа 22.644 кандидати.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано