Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите денеска нагласи дека очекува плодни и успешни резултати од сесија на Стратешкиот дијалог со САД, што ќе се одржи во април во Вашингтон.
-Очекувам плоден стратешки дијалог и плодни и многу успешни резултати од оваа сесија на Стратешкиот дијалог. Ние имаме серија меѓународна активност со која само се потврдува дека оваа Влада води принципиелна и стратешки важна надворешна политика, а не политика на коленичење и на очекување милост. САД се наш најголем стратешки партнери и имаме пријателска соработка и како дел од таа пријателска соработка е овој Стратешки дијалог кој на почетокот на април ќе се случи во Вашингтон, САД, рече Мицкоски по настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“.
Премиерот соопшти дека на овој состанок во Вашингтон ќе присуствуваат неколку членови од Владата и ќе се разговара за соработка во повеќе области.
-Но, за деталите нека се случи, па ќе зборуваме тогаш подетално, рече премиерот Мицоски.
извор МИА





