Мицкоски: Очекувам 63-64 македонски проиводи да се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти

Шеесет и три, шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.

– Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три, шеесет и четири производи, кои што се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест и пол проценти, изјави Мицкоски во одговор на новиарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД, по поставувањето камен темелник за спортска сала во училиште во Карпош.

Тој додаде дека изминативе месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на тие преговори.

Повеќе од истиот автор

Најчитано