МВР изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2470 денари

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните, стои во објава.

Повеќе од истиот автор

Најчитано