Во таа поширока трансформација на индустријата, македонскиот пазар се соочува со сериозни структурни предизвици. Земјата има еден од најстарите возни паркови во Европа, со просечна старост над 19 години, а либерализацијата на увозот на половни возила не донесе суштинско подмладување, Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија во интервју за Економија и бизнис.
Според Муцунски, главни пречки за електрични возила се високата почетна цена, недоволната инфраструктура и перцепцијата на потрошувачите. Како клучен „game changer“ ја посочува јасната државна стратегија – даночни олеснувања, мрежа на брзи полначи и дополнителни бенефиции, без кои домашниот пазар ќе продолжи да заостанува зад европските трендови.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ







