КОЛКУ ЧИНИ ЕДЕН ДЕН ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ВО ЕВРОПА? – само на преминот Богородица од Македонија од вчера излез оствариле 6864 македонски граѓани

Европските земји имаат до 15 државни празници годишно, но сè повеќе влади и економисти го поставуваат прашањето за нивната цена. Примерот на Данска, која укина еден празник за да ја финансира армијата, покажува дека секој неработен ден има мерливо влијание врз економијата  и тоа во милијарди евра.

Земјите во Европа во просек имаат двоцифрен број државни празници годишно. Секоја година, со доаѓањето на пролетта, европските економии влегуваат во ритамот на празниците: Велигденски понеделник, Ден на трудот, Вознесение и Духови и во низа неработни денови од март до мај.

Сепак, зад оваа традиција се крие прашањето што сè повеќе го поставуваат економистите и некои работодавачи: колку всушност чини еден неработен ден?

Најдиректниот одговор го даде Данска, која во 2024 година го укина празникот со речиси 340-годишна традиција Голем ден на молитвата. Причината за укинувањето на овој ден не е поради религија, туку поради — одбрана.

Владата процени дека укинувањето на празникот ќе донесе околу 3 милијарди дански круни (околу 400 милиони евра) годишно, пари што се насочени кон зголемување на воените трошоци заради исполнување на целта на НАТО за издвојување на 2% за одбраната од БДП.

Одлуката предизвика протести и симболични реакции од граѓаните — вклучително и масовно боледување на самиот ден кога беше укината.

За време на должничката криза, Португалија откажа четири празници во 2012 година (два национални и два религиозни) како дел од мерките за штедење. Сепак, веќе во 2016 година, сите беа вратени.

Најрелевантно истражувањето за цената на празнувањето користеше и Меѓународниот монетарен фонд. Заклучокот е дека секој дополнителен неработен ден го намалува годишниот БДП за околу 0,08%. Ефектот е помал од очекуваниот бидејќи делумно е ублажен од потрошувачката во туризмот и угостителството, а најголемиот пад е во индустријата, додека секторите како земјоделството речиси и не ја чувствуваат разликата.

Во Германија, чиј БДП надмина 4,3 трилиони евра во 2024 година, еден изгубен работен ден значи околу 3,4 милијарди евра помалку економска активност.

Според податоците на Евростат, европскиот просек е околу 11,7 дена.

Разликите меѓу земјите се значајни:

• Литванија и Кипар: 15 празници годишно

• Германија: 9 национални празници

• Данска: 10

Земја со 15 празници, во споредба со онаа со 9, „губи“ околу 0,48% од БДП годишно (пред компензација преку потрошувачка). За Литванија, ова значи околу 360 милиони евра годишно во споредба со „поефикасен“ модел.

Но, слободните денови не се само трошок – тие се и инвестиција во продуктивноста. Иако ниедна европска влада сериозно не размислува за масовно укинување на празниците, трендот е јасен: Во време на геополитички тензии и фискални притисоци, дури и слободните денови влегуваат во економската пресметка, пренесува Инвеститор.ме.

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а влез  1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на  новиот дигитален систем на Европската унија, EES, за влез и излез од Шенген – зоната.

Преку ГП „Табановце“ од 12:00 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9150 македонски државјани, а влез на 3158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7360 а ја напуштиле нашата држава  5449 лица.

Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241. Влез оствариле и 1212 странски државјани, а излез 1114.  Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 македонски државјани, а за излез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле  3347 странски држајни, а излегле 3038. 

Од ГП „Дојран“ велат дека првиот ден од почетокот на новиот дигитален систем на Европската унија, се одвива без поголеми задржувања и оти сообраќајот се одвива нормално и покрај тоа што е продолжен викенд.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано