КИНА И ВО НАФТЕНА КРИЗА СО ВИСОК РАСТ, Централната банка на Кина ги задржа клучните каматни стапки на рекордно ниско ниво

Народната банка на Кина ја задржа основната каматна стапка  за едногодишните кредити на рекордно ниско ниво од три проценти.

Банката ја задржа каматната стапка за повеќегодишните кредити подолги од пет години, што е репер за станбени хипотеки за многу заемодаватели, на 3,5 проценти, исто така рекордно ниско ниво.

Двете стапки не се променети девет месеци, а последен пат ова се случи во мај, кога стапките беа намалени од тогашните 3,1 и 3,6 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави на крајот од минатата недела дека очекува економски раст на Кина од 4,5 проценти во 2026 година, што е зголемување од 0,3 процентни поени во споредба со претходната октомвриска проекција.

Од ММФ предупредуваат на слабата побарувачка во земјата поради долгорочната криза на пазарот на недвижности и други фактори.

Според аналитичарите на Фондот, Кина мора да го забрза преминот кон модел на раст базиран на домашна потрошувачка, со посилни фискални стимулации, посилна социјална заштита и поддршка за секторот за недвижности со цел да се намали зависноста од извозот, објавија медиумите.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано