Катру: Емпатијата станува клучна вредност во современиот бизнис

Емпатијата и грижата за луѓето сè повеќе стануваат важен дел од лидерството во современиот бизнис, вели Бјанка Катру од M КЕШ, во интервју за Економија и бизнис Таа смета дека бројките и човечноста не се спротивставени, туку се надополнуваат во градењето успешна организација.

Според неа, компанијата има специфична корпоративна култура во која доминираат жени – од околу 200 вработени, близу 180 се жени. Тоа, како што истакнува, создава средина заснована на соработка, доверба и силна тимска поддршка.

Катру нагласува дека лидерството денес не значи само управување со процеси, туку и создавање простор луѓето да се развиваат и да придонесуваат со сопствените идеи. Компаниите што знаат да ги слушаат своите вработени и клиенти, додава таа, постигнуваат поодржливи резултати.


Целото интервју можете да го прочитате ТУКА

Повеќе од истиот автор

Најчитано