Иран почнува да наплаќа за премин низ Ормускиот теснец!?

Иран почна да наплаќа за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас.

Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за патарина“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за премин, според анализата на поморските податоци подготвена од осигурителна компанија.

„Најмалку два брода му платиле на Иран за безбеден премин, при што една такса изнесува околу 2 милиони долари“, се вели во анализата. Рутата помеѓу иранските острови Кешм и Ларак им овозможува на бродовите да влезат во иранските води за да избегнат безбедносни ризици во остатокот од теснецот.

Според достапните податоци, повеќе од 20 големи бродови досега поминале низ коридорот. Сообраќајот низ Ормускиот теснец останува намален поради конфликтот во регионот. Најмалку 16 бродови поминале низ теснецот за краток временски период, се наведува во информацијата на Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано