ЈП ПОЦ ги информира корисниците дека поради поставување на сензори и дисплеи за евиденција на слободни паркинг места, во сабота (14.03.2026) ќе се изведуваат работи на горната платформа на монтажната гаража во Капиштец.
– Поради овие активности, ги замолуваме корисниците да не паркираат возила на горната платформа во текот на денот. Со оваа активност се овозможува подобрување на функционалноста на паркингот и побрзо пронаоѓање на слободни паркинг места, велат од ЈП ПОЦ.






