Последиците од конфликтот на Блискиот Исток укажуваат на зависноста на земјите од Европската Унија од гас за производство на електрична енергија, се наведува во новата студија на Институтот Ембер.
„Глобалните конфликти предизвикаа повторно вртоглаво зголемување на цените на гасот“, изјави Крис Рослоу, еден од авторите на студијата.
Регионите кои се особено зависни од увозот на гас за производство на електрична енергија „би можеле да се соочат со драматични економски последици“ од војната во Иран. Цената на гасот во Европа веќе се зголеми за речиси 50 проценти, а по само 10 дена војна. Трошоците за увоз на фосилни горива се зголемија за 2,5 милијарди евра.
Сепак, земјите од ЕУ страдаат во многу различен степен. Земјите кои повеќе зависат од електричната енергија на гас се најтешко погодени.
„Во првата недела од март, цените на електричната енергија се искачија на највисоко ниво оваа година во Германија, Холандија, Италија и Белгија. Земјите кои се помалку зависни од гас, како што се Шпанија, Португалија, Франција и нордиските земји, страдаат помалку“, се посочува во новата стуфија, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис






