ЗАВИСНОСТА НА ЕВРОПА ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА ЈА ЗАГРОЗУВА ЦЕНОВНАТА СТАБИЛНОСТ И МИСИЈАТА НА ЕЦБ

Европа мора да ја намали својата зависност од увоз на фосилни горива, бидејќи оваа ранливост ја загрозува мисијата на Европската централна банка (ЕЦБ) за одржување на стабилноста на цените, изјави денес Френк Елдерсон, членот на одборот на ЕЦБ и потпретседател на нејзиниот Надзорен совет.

„Зависноста на Европа од енергија стана една од клучните ранливости на нашата економија. Неодамнешните шокови во цените на енергијата доведоа до значителен одлив на средства од Европа, предизвикаа итни интервенции и ги оптоварија јавните финансии“, забележува Елдерсон.

Според него, централните банки се соочуваат со предизвикот да ја балансираат монетарната политика, бидејќи затегнувањето може да го забави економскиот раст, додека олабавувањето ризикува дополнително зголемување на инфлацијата.

Тој повика на инвестиции во чиста и локално произведена енергија за да се намали влијанието на глобалниот пораст на цените на фосилните горива.

Елдерсон го наведе примерот на Шпанија, каде што цените на електричната енергија на големо на почетокот на 2024 година беа за околу 40 проценти пониски поради поголемото производство на енергија од ветер и сончева енергија почнувајќи од 2019 година.

Според проценката на Европската комисија, Унијата ќе инвестира околу 660 милијарди евра годишно до 2030 година во чиста енергија, што е голема сума, но Елдерсон истакнува дека ова ги заменува огромните трошоци за увоз на фосилни горива, кои во моментов изнесуваат речиси 400 милијарди евра годишно, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано