Во Европската Унија, жените заземале 35,2 проценти од сите менаџерски позиции во 2024 година, објави Евростат.
Статистичкиот завод на ЕУ наведува дека ова е зголемување во споредба со 31,8 проценти во 2014 година.
Жените биле повеќе застапени кај младите менаџери, сочинувајќи 39 проценти во возрасната група од 15 до 39 години, а тој удел се намалувал со возраста.
Меѓу менаџерите на возраст од 40 до 64 години, имало 34,4 проценти жени, а кај оние над 65 години, околу 26,5 проценти.
Меѓу земјите на Европската Унија во набљудуваниот период, најголем удел на жени на менаџерски позиции е забележан во Шведска (44,4 проценти), Латвија (43,4) и Полска (41,8).
Најмал удел е забележан во Кипар (25,3 проценти), Хрватска (27,6) и Италија (27,9).
Зголемување на уделот на жени на менаџерски позиции од 2014 година е забележано во 24 земји на Европската Унија.
Најголемо зголемување е забележано во Луксембург (13,7 проценти), Малта (10,1 проценти) и Кипар (7,9 проценти).
Спротивно на тоа, Словенија (3,8 проценти), Латвија (0,7 проценти) и Литванија (0,2 проценти) забележаа пад на застапеноста на жените на раководни позиции, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис





