ЕВРОПА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО НЕДОСТИГ НА ДИЗЕЛ НАЈДОЦНА ВО МАЈ, предупредување од Меѓународната агенција за енергија

Азија досега беше најпогодена од прекините во снабдувањето со енергија од Блискиот Исток, а Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна во мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.

Иран одговори на американско-израелските напади врз енергетската инфраструктура со напад на енергетски објекти во други земји од регионот на Персискиот Залив. Техеран, исто така, ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.

– Сегашната глобална енергетска криза е посериозна од нафтените шокови од 1973 и 1979 година, како и од недостигот на гас од 2022 година поврзан со руската војна против Украина, рече Бирол во подкаст со директорот на норвешкиот пензиски фонд Николај Танген.

– Иранските напади врз енергетските капацитети и ограничувањата за пловидба низ Ормускиот теснец ги намалија испораките на нафта од регионот за повеќе од 12 милиони барели дневно, рече Бирол.

Глобалното снабдување со гас се намали за околу 75 милијарди кубни метри во 2022 година, но сегашниот недостиг е уште поголем, додаде тој.

– Април ќе биде многу полош од март – предупреди Бирол, истакнувајќи дека во март нафтата и течниот гас сè уште пристигнуваа на пазарот.

Членовите на ИЕА одлучија кон средината на март да пласираат на пазарот рекордни 400 милиони барели нафта од залихите, најмногу во историјата, потсети директорот на агенцијата.

– Но, морам да бидам многу искрен, тоа само го ублажува проблемот, а нема да го реши, предупреди тој и додаде: „Клучното решение е отворањето на Ормускиот теснец“, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано