ДИЈАСПОРАТА ОД ШВАЈЦАРИЈА И ГЕРМАНИЈА НАЈГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ ВО КОСОВО, странските директни инвестиции надминаа над една милијарда евра

Во 2025 година, странските директни инвестиции (СДИ) во Косово достигнаа 1,03 милијарди евра, забележувајќи раст од 238,2 милиони евра или околу 30 проценти во споредба со 2024 година.

Според податоците од Приштинскиот институт ГАП, Германија и Швајцарија најмногу придонесоа за инвестициите со 268,7 милиони евра и 223,9 милиони евра, соодветно.

Другите инвеститори се од Албанија со 103,6 милиони евра, САД со 92,5 милиони евра и Австрија со 59,8 милиони евра.

Вкупно, Германија и Швајцарија учествуваат со 48 проценти во странските директни инвестиции во Косово во 2025 година.

Најголемиот дел од тие инвестиции беа во секторот за недвижности, со 770 милиони евра, што е 75 проценти од вкупните инвестиции.

Се работи главно за купување недвижности од страна на членови на косовската дијаспора.

Потоа следуваат финансиските и осигурителните дејности со 124,8 милиони евра инвестиции (12 проценти од вкупниот број), трговијата на големо и мало со 32,1 милиони евра (3 проценти), информациите и комуникациите со 26,2 милиони евра (3 проценти) и снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа со 22,1 милиони евра (2 проценти).

ГАП проценува дека овој тренд покажува значително зголемување на интересот на странските инвеститори за економијата на Косово и потенцијалот на клучните сектори за развој, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано