Ден на италијанска технологија за винска индустрија и лозарство

Ден на италијанска технологија за винска индустрија и лозарство

Агенцијата ИТА – Оддел за промоција на економската соработка при Амбасадата на Република Италија, во соработка со Унионе Италиана Вини (Асоцијација на италијански производители на машини и опрема за винарство и лозарство) и ВОМ (Здружение Вина од Македонија) организираат утре, 01 април 2026 година во М6 Скопје

“Ден на италијанска технологија за винска индустрија и лозарство“,

со учество на 9 водечки италијански производители на технологија. Овој ден е посветен на презентација на најновите практики, опрема и технолошки иновации за обработка на лозарски насади и целокупен процес за производство на вино.

Настанот ќе биде свечено отворен од страна на Заменик Амбасадорот на Италија, Морено Ѕела и Директорот на Агенцијата ИТА Скопје, Андреа Д’Андреа. Италијанската енолошка  технологија и машини, предностите на брендовите Made in Italy “ќе бидат претставени  од страна на Моника Педрацини, Претставник од Унионе Италиана Вини (Здружение на италијански производители на машини и опрема за винарство и лозарство). Во продолжение, Елена Младеновска -Јеленковиќ од ВОМ ќе ја претави винската индустрија на Северна Македонија за италијанката публика.  

На презентацијата ќе учествуваат 30-тина македонски компании (винарии и увозници на опрема).

За македонската винска индустрија, зголемувањето на конкурентноста на странските пазари претставува неопходност, а усвојувањето на нови технологии е суштинска алатка.

Винскиот сектор во нашата земја е еден од најважните и најперспективни во агроиндустријата, со долга традиција. Се смета за еден од столбовите на економскиот раст на земјата, придонесувајќи значително за земјоделскиот развој и за вкупната економска експанзија. Производството и извозот на вино генерираат околу 20% од земјоделскиот БДП, потврдувајќи ја стратешката улога на лозарството. Покрај директниот придонес кон БДП, виното е втор највреден земјоделски производ за извоз, веднаш по тутунот, и обезбедува силно присуство на Северна Македонија на меѓународните пазари.

Италија е светски лидер во производтво на енолошка технологија, со сектор вреден околу 5 милијарди евра годишно, од кои 3 милијарди директно поврзани со винската индустрија, трговски суфицит од 2,2 милијарди евра и извозна ориентација од 46%.

Технолошкиот ден дополнително ќе ја зајакне успешната соработка меѓу италијанските и македонските компании, создавајќи нови можности за раст и модернизација на винскиот сектор.

Повеќе од истиот автор

Најчитано