Два милиони евра помош од ЕУ за Куба

Европска Унија ќе им обезбеди дополнителна хуманитарна помош во висина од два милиона евра (2,3 милиони долари) за Куба во услови на растечка енергетска криза, објави денеска Европската комисија
ЕУ Брисел

Европска Унија ќе им обезбеди дополнителна хуманитарна помош во висина од два милиона евра (2,3 милиони долари) за Куба во услови на растечка енергетска криза, објави денеска Европската комисија.

– ЕУ е со народот на Куба кога е потребно, изјави во еврокомесарот за кризи, Хаџа Лабиб.

Средствата од ЕУ ќе бидат доставени на доставено на хуманитарните организации за поддршка на испораките на храна и дистрибуцијата на вода за пиење.

Куба со години се соочува со тешка економска криза, која се влоши во изминатите три месеци поради ембаргото на нафта од САД. По апсењето на претседателот нна Венцуела Николас Мадуро на почетокот на годината, Куба го загуби својот главен снабдувач со нафта.

ЕУ веќе одобри четири милиони евра за карипскиот регион за 2026 година.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано